За сите корисници

Ilustracija: Urška Stropnik Šonc

Пакет алатки за медиумска писменост

Порталот за медиумска писменост на „Часорис“ нуди мноштво бесплатни ресурси за наставниците, родителите и за пошироката јавност, вклучително интерактивни игри, видеа, постери, прирачници и разни совети. Погледнете ги!

Ilustracija: Urška Stropnik Šonc

Што содржи Пакетот алатки?

Повеќето од алатките се на англиски или словенечки јазик

Видеа и анимации (Cловенечки)

Прирачник (Cловенечки)

Otroci in mediji (Децата и медиумите)

Како и зошто да се стане медиумски описмен?

На порталот за медиумска писменост „Часорис“, охрабруваме критичко размислување во поглед на медиумите и учиме зошто и како треба да се препознаат лажните вести.

Дезинформациите и лажните информации се создадени од страна на некој кој има за цел да ги искористи за да влијае врз нашите верувања и однесување или, пак, за да заработи пари.

Objava o rižu iz plastike. Vir: Sociala.si/Facebook

На пример, на социјалните мрежи се ширеа вести дека можеме да се заштитиме од новиот коронавирус пиејќи топла вода, па дури и со бањање, земање витамини, додатоци во исхраната или одредени видови намирници, како што е лукот.

Или, пак, се споделуваше информацијата дека оризот што се продава во супермаркет е пластичен.

Медиумски писмениот човек може да провери дали се работи за информација на којашто може да ѝ се верува.

На пример, дали веста за појава на делфини или медузи во Венецијанскиот канал е вистинита или лажна? Што велите за онаа за кученцето со опашка на челото, за летечките пингвини, за пингвинот за којшто мислеле дека е провалник, за џиновската анаконда или за генетски модифицираните јајца?

Каква е онаа вест за црвениот був со сини очи, на пример?

Rdeča sova. Vir: posnetek zaslona/Snopes

Или веста за ајкулата којашто го брка човекот кој управува со кану?

Beli morski pes za kajakom. Foto: Thomas P. Peschak/https://www.thomaspeschak.comФото: Thomas P. Peschak/www.thomaspeschak.com

Побрзо можеме да “паднеме” на возбудливи отколку на здодевни вести.

Сега се развива и вештачката интелигенција (ВИ) којашто може да ни предизвика дополнителни главоболки.

Значи, како можеме да кажеме кое лице е создадено со вештачка интелигенција? И која фотографија, исто така?

Медиумски писмениот човек, според дефиницијата пренесена во американскиот весник за деца Њуз-О-Матик (News-O-Matic), знае да извлече значење од мноштвото информации и на тој начин да го осознава светот во којшто живее. Тој/таа умее да разликува факти од дезинформации и лаги; може да разбере и да создава медиумски пораки.

Во соработка со Мишел Цула Липкин (Michelle Ciulla Lipkin) од организацијата NAMLE, Њуз-О-Матик подготви пет совети за деца за тоа како да станат медиумски писмени:

  1. Биди критичен/на во размислувањето; тоа што ќе прочиташ нешто во медиумите, не мора да значи дека тоа е вистина. Откриј од каде се преземени фактите во текстот, обиди се да потврдиш дали се веродостојни.
  2. Не споделувај премногу; она што го ставаш на интернет останува таму засекогаш. Размисли пред да споделиш некоја информација или фотографија. Не објавувај ништо што може да повреди некого.
  3. Поставувај прашања; распрашувај се за сѐ. Кога ќе видиш или прочиташ нешто, размислувај: Кој го направил тоа и зошто? Може ли да Ѝ верувам на оваа личност или на оваа информација? Како ми изгледа оваа вест? Колку повеќе прашања си поставуваш, толку повеќе ќе стануваш медиумски писмен/а.
  4. Разговарајте еден со друг; зборувајте за она што го гледате и читате. Прашај ги другите што мислат. Можеби ќе се изненадиш колку различни страни може да има една единствена случка, колку различно луѓето можат да гледаат на една иста работа. Секогаш е добро да научиш нешто ново.
  5. Создавај и ти; обиди се да подготвиш некаква медиумска порака. Напиши вест, направи фотографија или некое меме. Може да ти биде многу забавно. Никогаш немало толку многу достапни технолошки алатки и можности за осмислување содржини како сега.

Како што изјави 13-годишната Џуд пред новинарите на Њуз-О-Матик: „Ако научиш одговорно да ги користиш услугите на медиумите, ќе станеш подобра личност – и онлајн и офлајн (во реалниот живот).“

Кампањата на Обединетите нации #PledgetoPause ги повикува луѓето ширум светот да застанат за момент, да земат длабоко здив и да размислат пред да споделат какви било информации на интернет.

Како да препознаете лажни вести?

Со цел да се идентификуваат дезинформациите и медиумската писменост, во „Часорис“ користиме алатки што самите ги подготвивме (како што е брошурата „Децата и медиумите: Пронаоѓање на вистината во светот на вестите“, како и видеото „Што се лажни вести?“). Ги имаме и оние што ги организиравме за словенечката јавност во соработка со други организации (игрите Bad News и Bad News Junior, Harmony Square, летоците “Како да се увидат лажните вести?” и E.S.C.A.P.E. или PoD.V.O.M.I.S.), како и оние што се прикажани на веб-страниците на професионални организации (на пример, играта „Дневници за дезинформации“ (The Disinformation Diaries) наменета за политичарите и за нивните советници).

Значи, како да ги идентификуваме лажните вести и другите облици на дезинформации? Може на пример да се запрашаме:

  • Дали веста звучи веродостојно?
  • Дали некој друг известил за истата работа (медиуми или други извори, како што се енциклопедии)?
  • Кој е авторот?
  • Што ви го привлече вниманието?
  • Која е целта на пораката?
  • Дали нешто недостасува во пораката?
  • Дали текстот е граматички точен?
  • Дали е веродостоен порталот каде што е објавена веста? Дали го препознавате, можете ли да му верувате?
  • Дали авторите на порталот се наведени во информативниот дел “За нас”?
  • Дали некаде е истакната целта на порталот?
  • Дали фотографијата ви изгледа автентично или лажно? Ако се обидеме да дознаеме кога и каде е објавена, на пример ако ја постираме на TinEye, можеме брзо да дознаеме кога била првпат објавена. Подетални насоки, пак, (на англиски јазик) за тоа како да се идентификува автентичноста на фотографиите, се подготвени од страна на Belingcat.
  • Дали видеото е автентично? Може да биде едно од т.н. дипфејкови или „deepfakes“, односно видеа во коишто лицата или нивните изјави се лажни. За да ја проверите автентичноста на видеото, може да ja користите алатката Chrome Invid.
  • Дали називот на веб-страницата е оригинален? Дали наставката (екстензијата) на називот има смисла?
  • Дали во ширењето на вестите помагале и ботови? Ботови користат злонамерни поединци и организации за лоши цели, па затоа вреди да се биде внимателен. Асошиетед прес (АП) ги проверува вестите што кружат на интернет. Меѓу другото, тие откриваат невистинити информации/содржини коишто, исто така, се прошириле брзо, дури и за пократко од една недела – и тоа со помош на ботови.
  • Дали автентичноста на вестите е потврдена од страна на портали за проверка на факти како што е Snopes? Во Словенија ги имаме порталите за разбивање митови „Ne/Ja, Razbijalka mitov и Razkrinkavanje“. Информациите од различни земји за новиот вид коронавирус може да се проверат на Поинтер (Poynter). Тинејџерите ги обелоденуваат на мрежата за проверка на факти за тинејџери.
  • Како да идентификуваме лажни вести за новиот вид коронавирус? Играта Go Viral може да помогне околу тоа. Направена е од експертите кои ја дизајнираа и играта Лоши вести (Bad News).
  • Ако сето ова не е доволно, постојат дополнителни алатки за проверка на информации,како што е Платформата со случаи за манипулации на медиумите („Media Manipulation Casebook“). Тоа е платформа наменета за граѓански организации, за новинари и за истражувачи, којашто може да ја посетите. Користи систем на семафори за да открива какви сѐ дезинформации кружат на интернет. На платформатама има и кратки презентации за еден случај којшто особено одекна низ светот за време на првиот бран на епидемијата.