Животна средина и екологија

Okolje in okoljevarstvo. Ilustracija: Urška Stropnik Šonc

Животна средина и екологија

Што е екологија и зошто е важна за нашето разбирање на светот околу нас? Овој дел со содржина ги претставува животната средина, екологијата и екосистемите. Го истражува влијанието на луѓето врз животната средина. Ја нагласува нашата заедничка одговорност за зачувување на воздухот, водата, почвата, биодиверзитетот, природните ресурси, културното наследство и унапредувањето на здравјето. Дополнително, ја нагласуваме екологијата како клучна гранка на биологијата.

Во моментов можете да пристапите до нашиот план за лекции за заштита на животната средина и зелени совети, со ветување за повеќе збогатени лекции што следуваат.

Поглавја

Станете претплатник!

Како претплатник, можете да пристапите до сите планови за часови во текот на годината.

50 EUR

Заштита на животната средина и еколошки совети

Учениците ќе можат да го разберат влијанието на микропластиката врз животната средина и да истражуваат решенија за справување со овој предизвик.

Речник

  • Микропластика
  • Фрлање отпад
  • Загадување
  • Океан
  • Морски свет

Автор

Ребека Светина

Преведено и адаптирано

Ирена Распашковска-Пехчевски

Вести

Риба-робот којашто собира микропластика

Оваа лекција може да се одвива на кој било од следниве начини:

  • како лекција по англиски јазик
  • како класен час (во училница)
  • како лекција по биологија.
    Забелешка: Размислете дали можете да го направите експериментот како теренска работа, во рамки на предметите хемија или географија.

Намена и времетраење

Втора тријада (од 4-то до 6-то одделение)

Времетраење: 45 минути

Објавено на: 7. 8. 2023 година

Појдовни точки за дискусија на час

  • Што се случува со вашите пластични шишиња?
    А) доколку ги рециклирате?
    Б) доколку не ги рециклирате?
  • Дали некогаш сте слушнале за Големата пацифичка депонија?
  • Што е микропластика?
  • Дали знаете за некакви технологии или пронајдоци коишто помагаат во зачувување на животната средина?

Ресурси за час

проектор

табла

компјутер

интернет

маркери

печатени статии

пластични предмети

вода во садови

семе од синап

сито или цедалка

T

лупа

Како се одвива лекцијата

Вести

Во една сторија Риба-робот којашто собира микропластика се зборува за микропластиката.

Воведна мотивација (10 минути)
  • Покажете некоја фотографија
    Пример:

Vir: Adobe Stock

Забелешка: некои изрази на англиски јазик може да бидат премногу комплицирани за вашите ученици.

Активност (30 минути)

Дискусија на час (15 минути)

Погледнете го видеото за микропластиката во океанот.

Забелешка: Ако некои изрази, особено „микропластиката“, се нови за учениците, погрижете се да ги објасните уште пред да го гледате видеото за да бидете уверени дека учениците ги разбираат. Исто така, може да играте „Бесилка“ за да ги објасните изразите.

Поставете прашања за дискусијата.

Објаснете дека микропластика се ситни парчиња пластика со големина помала од 5 милиметри. Може да бидат штетни за животната средина и за дивиот свет. Дискутирајте за влијанието на микропластиката врз животната средина и врз дивиот свет.

Прочитајте ја статијата заедно.

Означете ги клучните и непознатите изрази.

Материјали за дискусија

  • Табла и маркери
  • Проектор и пристап до интернет или
  • Печатени написи (за заедно да ја прочитате статијата од Časoris).

Експеримент во мала група (15 минути)

Поделете ги учениците во мали групи.

На секоја група дадете ѝ сад со вода и пластични предмети.

При работата во нивните групи, учениците треба да ги стават пластичните предмети во водата и да ги измешаат.

Со помош на сито или цедалка, учениците треба да ја процедат водата за да видат дали има микропластика.

Со помош на лупи, учениците треба да ги испитаат пластичните предмети за да видат дали се распаднале на помали парчиња.

Групен осврт на темата:

  • Што беше најтешко да се подигне од водата?
  • Што да правиме со пластиката сега?
  • Дали сега водата е доволно чиста за да се пушти во одводот?
  • Дали јадете риба? Доколку да, што ќе се случи ако рибата којашто ја јадевте, ја јадела оваа пластика?

Материјали за експеримент

  • Пластични предмети (на пр. сламки, капачиња од шишиња, пластични кеси, искршени парчиња пластика). Забелешка: Како алтернатива, семето од синап изгледа многу слично на микропластика и е добра органска замена со цел на едноставен начин да се прикаже како се однесува микропластиката.
  • Вода во садови (со големина на кутија за чевли)
  • Сито или цедалка
  • Лупа.

Можете да го направите експериментот заеднички со сите ученици, освен доколку можете да ја снабдите секоја група со сите потребни материјали.

Заклучок (5 минути)

Дискусија

Учениците нека размислуваат како лично можат да ја намалат употребата на пластиката и да помогнат да се спречи создавањето микропластика. Охрабрете ги да ги споделат своите идеи со соучениците и со семејствата.

Охрабрете ги учениците да ги земат предвид придобивките и ограничувањата од користењето технологии за решавање на еколошките прашања.

Поттикнете ги учениците да ги земат предвид предностите и ограничувањата од користењето на алтернативни материјали што не се направени од пластика како решение за еколошките прашања.

 

Дополнителни материјали за читање
Насоки за организација на часот
  • Дискусија во училницата
  • Експеримент на час или во групи
  • Групно читање на статијата и разбирање на нови концепти
  • Групен осврт на темата.
Алтернативни пристапи

Засега ништо овде од наша страна, но можеби имате некои идеи. Би сакале да ги слушнеме.

Станете експерт за медиумска писменост!

Добијте пристап до целата содржина во текот на целата година.

Заедно можеме успешно да ги инспирираме децата и да ги едуцираме граѓаните.