Ментално здравје

Duševno zdravje. Ilustracija: Urška Stropnik Šonc

Ментално здравје

Менталното здравје на учениците може да се опише како состојба на благосостојба во којашто тие имаат позитивен став кон себе и кон својата околина. Притоа можат делотворно да се справуваат со предизвиците, можат да работат делотворно и продуктивно и можат да придонесуваат за заедницата.

Пакетот вести за ментално здравје содржи наставни планови коишто се однесуваат на самопочитта и на самодовербата.

Во моментот е достапен наставниот план за ментално здравје и како истото да се одржува. Серијата за овој наставен план редовно ќе биде ажурирана со нови активности за учење.

Поглавја

Станете претплатник!

Како претплатник, можете да пристапите до сите планови за часови во текот на годината.

50 EUR

Менталното здравје и како да го одржувате

Студентите учат колку е важно да се чувствуваат удобно во сопствената кожа и да имаат самодоверба. Исто така, откриваат како мислењето на другите влијае на нивната самодоверба и го разбираат значењето на зборот самопочит. Тие извлекуваат заклучоци од филмот за важноста од тоа другите да се прифаќаат со сите нивни различни карактеристики. Учениците осмислуваат совети и чекори за тоа како да се воспостави и да се одржи позитивна слика за себе.

Речник

  • самопочит
  • позитивни карактеристики
  • благосостојба
  • слика за себе
  • прифаќање

Автор

Лавра Чернела, ДОУ Просењаковци

Преведено и адаптирано

Ирена Распашковска-Пехчевски

Вести

Убавината на поединецот често се крие токму во разликите

Оваа лекција може да се одвива на кој било од следниве начини

  • како класен час (во училница)
  • како лекција по англиски јазик (англиски како странски јазик)

Поединости

Трета тријада (од 7 до 9 одделение)

90 минути + 113 минути прикажување на филм

Ажурирано на: 7 август 2023 година

Појдовни точки за дискусија на час

  • Дали се прифаќам себеси таков/таква каков/каква што сум?
  • Мислењето на моите врсници ми значи многу.
  • Кога и каде се чувствувам добро?

Важни датуми

  • 7 април е Светски ден на здравјето
  • Октомври е Месец на менталното здравје
  • 10 октомври е Меѓународен ден на менталното здравје

Опрема

Компјутер

Проектор

Табла

Интернет

Работни листови

Моливи

Хартија

Книга

Пристапот до платените содржини е достапен само за претплатниците.
 

Станете експерт за медиумска писменост!

Добијте пристап до целата содржина во текот на целата година.

Заедно можеме успешно да ги инспирираме децата и да ги едуцираме граѓаните.