Растенија и животни

Živali in rastline. Ilustracija: Urška Stropnik Šonc

Растенија и животни

Пакетот вести за растенија и животни содржи наставни активности коишто се однесуваат на важноста и богатството на живиот свет на растенија и животни, како и на заканите за животната средина, нејзиното зачувувањето и заштитата.

Во моментот е достапен наставниот план за загрозени видови. Серијата за овој наставен план редовно ќе биде ажурирана со нови активности за учење.

Поглавја

Станете претплатник!

Како претплатник, можете да пристапите до сите планови за часови во текот на годината.

50 EUR

Загрозени видови

Учениците учат за загрозените видови преку написи објавени во весникот. Се охрабруваат да учат преку взаемна соработка и да го усвојуваат материјалот преку активности со игра и движења. Групната работа е осмислена со цел да ја зајакне медиумската писменост на учениците.

Речник

  • животни
  • закани
  • изумирање
  • однос кон живите суштества

Автор

Мојца Розман, ОУ Макса Дурјаве Марибор

Преведено и адаптирано

Ирена Распашковска-Пехчевски

Вести

Џиновските школки перискасе вратија во Јадранското Море

Заштитете ги опрашувачите во Годината на здравјето на растенијата

Оваа лекција може да се одвива на кој било од следниве начини

  • како лекција по англиски јазик (англиски како странски јазик)
  • поврзани лекции преку заеднички наставен план за наставата по мајчин јазик и по наука
  • на часовите по природни науки и технологија

Поединости

Втора тријада (од 4то до 6то одделение)

135 или 180 минути

Ажурирано на: 7 август 2023 година

Појдовни точки за дискусија на час

Загрозени животни и причини за загрозување на животните

  • Што учениците веќе знаат за загрозените животни?
  • Зошто животните исчезнуваат?
  • Што им се заканува?
  • Каков однос имаме со живите суштества?
  • Каде учениците ги добиваат своите информации?
  • Како знаат дека информацијата е веродостојна?

Важни датуми

  • Третиот петок од мај е Меѓународен ден на загрозени видови
  • 4 октомври е Светски ден на животните
  • 30 ноември е Ден на сеќавање на изумрените видови

Опрема

Компјутер

Проектор

Табла

Интернет

Лепливи белешки

Тетратки

Моливи

Тениско топче

Пристапот до платените содржини е достапен само за претплатниците.
 

Станете експерт за медиумска писменост!

Добијте пристап до целата содржина во текот на целата година.

Заедно можеме успешно да ги инспирираме децата и да ги едуцираме граѓаните.