Oнлајн и офлајн реалност

Spletno in resnično življenje. Ilustracija: Urška Stropnik Šonc

Oнлајн и офлајн реалност

Делот што се однесуваат на онлајн и офлајн реалноста, содржи планови за лекции коишто се однесуваат на социјалните мрежи, на инфлуенсери и на нови можности за заработка коишто им биле непознати на генерациите пред појавата на модерниот облик на веб, а се однесуваат на теми од денешницата кога физичкиот и дигиталниот свет се испреплетени.

Моментално е достапен план за лекции за инфлуенсери.

Во иднина, овој дел ќе го дополниме со нови планови за часови.

Поглавја

Станете претплатник!

Како претплатник, можете да пристапите до сите планови за часови во текот на годината.

50,00 EUR

Инфлуенсери

Учениците ќе можат да го идентификуваат и да го анализираат влијанието на инфлуенсерите врз општеството и врз нивните сопствени животи.

Речник

  • Инфлуенсер
  • Да има влијание
  • Славна личност
  • Заследување на социјалните мрежи
  • Платформа

Автор

Ребека Светина

Преведено и адаптирано

Ирена Распашковска-Пехчевски

Вести

Омразата поврзува – онлајн инфлуенсерите добро го знаат ова

Оваа лекција може да се одвива на кој било од следниве начини

  • како лекција по англиски јазик или
  • како редовен час (во училница)
  • како лекција по социологија или по етика.

Размислете за предавање во тим или за учество на советникот/социјалниот работник од училиштето во предавањето.

Намена и времетраење

Трета тријада (од 7-мо до 9-то одделение)

Времетраење: 45 минути

Објавено на: 7. 8. 2023 година

Појдовни точки за дискусија на час

  • Што е инфлуенсер?
  • Дали следите некои инфлуенсери? Ако следите, кој е тој/таа, на која платформа го/ја следите и зошто?
  • Дали некогаш сте слушнале за Ендру Тејт? Ако сте слушнале, кој е тој? Дали има добро влијание?

Изборно видео (на англиски): Who is Andrew Tate? (Кој е Ендру Тејт?)

Ресурси за час:

табла

проектор

интернет

маркери

печатени статии

ученички тетратки или хартија

моливи

прирачници со примери

Пристапот до платените содржини е достапен само за претплатниците.
 

Станете експерт за медиумска писменост!

Добијте пристап до целата содржина во текот на целата година.

Заедно можеме успешно да ги инспирираме децата и да ги едуцираме граѓаните.