За нас

Ние сме тим новинарки-ентузијасти кои почнаа да го објавуваат „Часорис“ (Časoris), меѓународно наградуван и бесплатен онлајн весник за деца.

Со текот на времето, сфативме дека е потребно да го дополниме со работилници, семинари и разни материјали за учење, а пример е видеото на десната страна. Целта е да ја зајакнеме медиумската писменост и да го поттикнеме критичкото размислување.

Преку објавување веродостојни вести, сакаме да ги инспирираме децата и да ги едуцираме граѓаните.

Veverica velikanka. Vir: Kaja in Neja odkrivata veverice velikanke/YouTube

Многу е важно децата да знаат како да препознаваат лажни информации; да знаат каде да ги проверат информациите до кои доаѓаат; да се запрашаат кој им кажал нешто и зошто, но и како да ја проверат точноста на информациите.

Д-р Соња Мерљак Здовц

Д-р Соња Мерљак Здовц

Д-р Соња Мерљак Здовц

Основач, директор и главен уредник

Сандра Ханжич

Сандра Ханжич

Заменик-главен уредник

Саша Петејан

Саша Петејан

Раководител на проекти и новинар

Матеја Челан

Матеја Челан

Новинар

Уршка Стропник Шонц

Уршка Стропник Шонц

Илустратор

Ребека Светина

Ребека Светина

Преведувач и графички дизајнер

Наташа Котар Вовк

Наташа Котар Вовк

Соработник за подготовка на проекти и прибирање средства

Кои сме ние?

Издавач на порталот: Завод Часорис, Институт за информирање и образование, со седиште во Љубљана.

Претседател на управниот одбор на институтот: Дарја Грозник, уредник во Радио Словенија и претседател на Здружението Пријатели на младите-Словенија

Директор: Д-р Соња Мерљак Здовц

Контакт на: urednistvo@casoris.si

Нашата мисија

Ги инспирираме децата и ги подучуваме граѓаните.

Нашата визија

Сакаме децата да научат да ја препознаваат важноста на веродостојните медиуми и, како и генерациите пред нив, да се навикнат да следат вести на коишто може да им веруваат.

Денешните деца растат во свет каде што ги добиваат своите информации од социјалните мрежи и од платформи како што се Тикток, Инстаграм, Снепчет и Јутуб. Во исто време, благодарение на развојот на технологијата и менувањето на навиките, тие повеќе не ги гледаат своите родители како читаат весници и списанија, или, пак како следат вести од ТВ и радио, како некогаш.

Затоа треба повторно да им ја всадиме навиката редовно да користат сигурни извори на информации и да ги навикнеме да размислуваат критички за веродостојноста на вестите и на информациите со коишто се среќаваат. Најлесен и најефикасен начин да го направите ова е на училиште, бидејќи сите деца одат на училиште, дури и оние кои доаѓаат од помалку свесни и помалку поттикнувачки средини.

Веродостојните и релевантни медиуми нѐ поврзуваат и нѐ зближуваат; ни кажуваат како живеат луѓето од “другата страна”. Ако сакаме да обезбедиме мирна и безбедна иднина за нашите деца, ако сакаме следната генерација да израсне во толерантни, сочувствителни, почитувани, одговорни и активни граѓани, да не одложуваме – сега треба да почнеме да користиме веродостојни вести од доверливи медиуми.